Сметководство и Консалтинг

 Дома / Услуги / Сметководство и Консалтинг

Сметководство и управување со даноци

Сметководство и финансиско известување

Ако сте сопственик на бизнис, ќе се согласите дека силната конкуренција ни носи време во кое Вие, постојано изнаоѓате начини за намалување на трошоците, оптимализација на даноците, а едновремено и подобрување на квалитетот на услугите.


Ние сме подготвени да Ви ја понудиме нашата стручност и долгогодишно искуство во полето на управување со даноци и сметководство, со цел да ги исполните сите законски обврски и одговорности.


Дозволете ни да бидеме дел од јадрото на вашиот бизнис и станеме вашиот сметководствен и финансиски сектор.


Нашите сметководствени услуги вклучуваат:

- Книговодство

- Управувачко сметководство

- Советодавно сметководство

- Финансиско известување

- Плати


Даноци

Нашите даночни советноци ќе ви помогнат да го идентификувате и правилно менаџирате даночниот ризик пред тој да стане проблем, да ја минимизирате вашата даночна изложеност, заедно да ги пресметаме реалните даночни позиции во согласност со сите законски барања и прописи..


Нашите експерти се подготвени да ги извршуваат следните услуги за Вас:

- Сметководство на даноци

- Даночно планирање

- Даночна усогласеност со законски прописи и ревизија

- Проценка на даночниот ризик и корпоративното управување

- Трансакции за спојувања и превземања

- Меѓународни даноци

- Надомест за вработување и услуги за доселеници

- Директни и индиректни даноци

Советодавни услуги и услуги на контрола

Советодавни услуги

Со максимално ангажирање на нашите ресурси одговараме на Вашите потреби уште пред да го започнете Вашиот бизнис, а потоа ви пружаме тековна поддршка низ сите фази на стратешки развој преку кои Вашиот бизнис ја надминува конкуренцијата. Во секое време Ви обезбедуваме јасен приказ на резултатите кои Вие ги остварувате, а преку кои ние го детектираме секој потенцијален проблем пред истиот да има влијание врз можноста за профит.

- Административна поддршка и консултации во процесот на отварање на Вашата фирма (совети за најпогодната форма за регистрирање на фирма за нов бизнис)

- Подготовка на инвестициони и бизнис планови

- Финансиски анализи кои вклучуваат пресметки на показатели според меѓународните сметководствени стандарди. Ги толкуваме финансиските податоци преку финансиски анализи и показатели за ликвидност, солвентност, профитабилност.

- Подготвуваме професионална и стручна анализа на Вашите финансиски активности со што овозможуваме развој на Вашиот бизнис.

- Воспоставување на процедури во работењето

- Воспоставување и организација на финансиско-сметководствениот сектор

- Посредување во избор на човечки ресурси во финансиската област

- Изработка на интерни акти: сметководствени политики, правилник за работа, правилник за попис.


Услуги на контрола

Контрола на процесите за управување со ризици, со цел да се добие уверување дека значајните финансиски, менаџерски и оперативни информации се точни, проверени и навремени, усогласени со даночното законодавство; ресурсите се користат економично и активностите на организацијата се во согласност со: сметководствените политики и процедури, склучените договори и законите и интерните акти.

- Финансиска контрола

- Контрола на усогласеност со регулативата

- Контрола и усогласеност со даночна регулатива

- Контрола на успешноста во работењето

- ИТ контрола

Правни и административни услуги

Правни услуги

Финансискиот сектор не би можел да ги исполнува законските одговорности и да дејствува ажурно и ефективно без подршка од правниот сектор.


Нашето работење е структуирано така да овозможи соодветна комбинација на правна и сметководствена експертиза.


Правни услуги кои ние ги вршиме за Вас:

- Изготвување на комерцијални договори

- Изготвување акти согласно законот за трговскуи друштва: основање на фирма, измена на актот за основање на фирма (промена на седиште, основач, основачки влог,назив на фирма, отварање подружница, и сл.)

- Изготвување акти согласно Законот за работни односи (одлуки, решенија),

- спроведување на акти согласно Законот за работни односи (пријава и одјава на вработени во Агенција за вработување, социјално...)

- Постапки за јавни набавки

- Застапување на странски лица


Административни услуги

Ние можеме за Вас, брзо и професионално, да ја извршуваме целата кореспонденција со значајните институции: Управа за јавни приходи, банки, општина, Централен регистар, Агенција за вработување, Фондот за здравство, и др.

- Плаќање налози

- Поднесување документи во УЈП, банка, итн.

- Барање за издавање бонитет

- Отварање или промена на жиро сметка

- Пријава-одјава на даночен обврзник

- Пријава на недвижен имот

- Промена на даночна картичка