Новости

 Дома/ Новости

    Новости

    Со измени на законската регулатива во Република Македонија, основањето на фирми отсега ќе го вршат само овластени сметководители кои добиле лиценца од Централниот регистер. Трошоците за регистрација се О денари (Еуро). Се плаќаат само фактичките трошоци во врска основањето како што се судски преводи и нотарски заверки. НОВА КОНСАЛТИНГ ја доби лиценца од Централниот регистер за регистрација на фирми.

    Партнерот Кристина Тилиќ во периодот од 25 до 29 Ноември 2013, присуствуваше на Работилницата за практична примена на стандардите за ревизија, во организација на Институтот на овластени ревизори во соработка со Францускиот конзорциум CNCC-CSOEC. Целта на работилницата е ревизијата во Македонија да биде во чекор со најдобрите меѓународни практики.

    Партнерот Николаки Миое е автор на прирачникот „Економски активности: Вршење дејност од граѓанска организација“ во рамките на проектот „Овозможувачка правна рамка“во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ), поддржан од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) и Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА) во 2013 год. Целта на прирачникот е појаснување на можностите за вршење економски активности и други прашања поврзани со нив и поттикнување на граѓанските организации да се занимаваат со економски активности. Прирачникот можете да го најдете на следниот линк:

    www.mcms.org.mk